Акција на чистење на гаражите на АДСДП

Од во Прес со 0 Comments

Акцијата почна со катната гаража „Разловечко востание’’ каде стручен тим од 20- тина лица детално ги исчисти сите 18 нивоа. Со специјални средства беа исчистени и дезинфицирани лифтовите, скалишниот простор и епоксидниот под. Со „ВАП’’ машина која чисти под млаз со висок притисок беа опфатени и заштитните огради, металните површини, како и аглите околу столбовите.Исфрлени се големи количества смет и отпадоци меѓу кои најмногу имаше лименки од разни пијалоци, отпушоци од цигари и кеси.

Ваква акција во наредниот период ќе биде спроведена и во нашите останати гаражи.

Share This