Дезинфицирани објекти на АДСДП во Битола. Ресен и Демир Хисар

Од во Прес со 0 Comments

АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката-Скопје изврши детална и целосна дезинфекција на социјалните згради во Битола, Ресен и Демир Хисар и на административната зграда на Подружницата. Со третман кој ги уништува сите бактерии и штетни патогени микроорганизми од површините беа дезинфицирани три социјални згради ( со 121 станбена единица) во кои се сместени социјално ранливи категории граѓани ( лица приматели на социјална помош, самохрани родители, припадници на Ромската етничка заедница, деца без родители, лица со инвалидитет и др). Стручните тимови употребија средство кое е еколошко, односно кое и покрај својата голема ефикасност е потполно безбедно за околината. Во овие згради, како и во објектот на Подружница Битола, дезинфицирани се влезовите на објектите, лифтовите, скалишниот простор со гелендрите, ходниците и подрумите. Акцијата ќе биде повторена уште неколку пати и е во насока на сузбивање и намалување на можноста на проширување на вирусот КОВИД-19.

Во изминатите неколку денови темелна дезинфекција беше извшена и на сите останати социјални згради и административни згради на АДСДП и тоа во Скопје, Охрид, Струга, Кочани, Македонска Каменица, Берово,Прилеп, Кавадарци, Струмица, Гевгелија, Куманово, Крива Паланка, Штип, Пробиштип, Тетово, Гостивар, Кичево, Велес и Македонски брод.

Share This