Напредува изградбата на социјалната зграда во Свети Николе

Од во Прес со 0 Comments

Градежните активности на социјалната зграда во Свети Николе се реализираат во предвидената динамика. Во изминатиот период изведена е армирана бетонска плоча на приземјето, изведена е вертикална и хоризонтална хидроизолација на надворешата страна на армираните бетонски ѕидови, поставена е термoизолацијана подрумските бетонски ѕидови, изработени се столбовите со бетонски платна од приземје до први кат. Објектот со 48 станбени единици ќе овозможи дом на социјално ранливи категории граѓани. На приземјето се обезбедени 4 станови наменети за лица со посебни потреби, а за пристап на инвалидизирани лица предвидени се армирано – бетонски коси рампи пред влезовите. Становите се проектирани со површина од 34 – 46,75 м2. Континуираната грижа за најранливите во општеството АДСДП ја потврдува и со фактот дека во Свети Николе за прв пат после 30 години се гради зграда со ваква намена. Со предвидена диманика се одвиваат и градежните работи на социјалните згради во скопската општина Бутел, во Пробиштип, Виница, и во Неготино. Сите се дел од Проектот Ф/П 1674 чија цел е обезбедување на пристап до соодветно домување и борба против сиромаштијата,како и социјалното исклучување.
Share This