Напредува изградбата на социјалната зграда во Пробиштип

Од во Прес со 0 Comments

Увид во динамиката на изградба на социјалната зграда во Пробиштип која ќе овозможи дом за 48 семејства од социјално ранливите категории граѓани извршија техничкиот премиер на Владата Оливер Спасовски, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и Генералниот директор на АДСДП Кристијан Трајковски. 

Според Трајковски, социјални згради во моментов се градат уште на 4 локации низ државата, а очекувањата се дека до јуни, односно јули годинава, во период од 2 години ќе бидат отворени 13 градилишта за објекти со ваква намена. „Во преговори сме со Европска централна банка за уште неколку проекти кои ќе продолжат како замена за посточекиот – Ф/П 1674, што значи дека повторно ќе градиме социјални згради, но размислуваме да помогнеме и на други категории социјално ранливи категории граѓани’’, рече Трајковски.
Според техничкиот премиер Спасовски, интензивната изградба на социјални станови е резултат на доследното спроведување на утврдените мерки и политики за подобрување на социјалната положба на ранливите категории.„ Колку за споредба, во периодот од 2011 до 2017 година, односно за 6 години биле изградени 678 стана, а во периодот од 2017 до 2020, или за три години изградени се и во тек на изградба се 897 стана.
Динамиката на оваа , но и на останатите градежни активности, според министерот Сугарески ги дементира шпекулациите дека се забавени капиталните инвестиции. „Токму спротивното, тие продолжуваат со несмалена динамика, а ќе бидат и забрзани со постепеното нормализирање на состојбата’’, вели Сугарески.
Во моментов се градат социјални згради во скопската општина Бутел која е и најголема со 312 стана, во Неготино, Свети Николе и во Виница.

Share This