Теренот на Националната Арена „Тодор Проески’’обновен според највисоките светски стандарди.

Од во Прес со 0 Comments

По период на едномесечни сеопфатни зафати, целосно е завршена реконструкцијата на тревната површина на Националната Арена „Тодор Проески’’. 

Периодот на стопирани спортски активности во државата, АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката-Скопје максимално го искористи за оваа исклучително важна постапка за квалитетот на теренот која ќе донесе долгорочен позитивен ефект во однос на неговата форма и издржливост. Извадени се чепови за подобра дренажа на теренот, извршено е површно гребење за отстранување на коровот на тревата, пресеан е комплетниот терен со високо квалитетни семиња ,а површината е порамнета и со екстра фин песок и тресет за квалитетна основна подлога. 

Националната Арена е меѓу најексплоатираните стадиони по број на одржани настани, па оваа реконструкција ќе значи коплетна подготвеност на стадионот за претстојните мечеви, пред се за историскиот бараж на нашата репрезентација со репрезентација на Косово, кој засега не е точно утврдено кога ќе се игра. Доигрување на домашното фудбалско првенство, како и останатите меѓународните натпревари предвидени за периодот кој следува. 

Со ова, нашите спортисти ќе имаат беспрекорни услови за игра, како што впрочем им обезбедуваме со години наназад.

Share This