Оглас за јавна набавка број 09574/2020

Од во Јавни набавки - архива со 0 Comments


Број на оглас: 09574/2020 објавен на 01.07.2020 година

Предмет на Договорот за јавна набавка: Набавка на услуги за тековно одржување и сервисирање на паркинг системот за регулирање на влез и излез од паркиралишта со кои стопанисува АДСДП

Подетален опис на предметот на договорот за јавна набавка: Набавка на услуги за тековно одржување и сервисирање на паркинг системот за регулирање на влез и излез од паркиралишта со кои стопанисува АДСДП. Договорот треба да ги опфаќа следните активности редовно одржување на паркинг системот, редовни обиколки и останати активности потребни за одржување на системот, ставање на располагање на мобилни екипи кои ќе интервенираат 24/7 и ќе интервенираат веднаш по пријавување на дефектот. Набавка, транспорт и монтажа, како и демонтажа на расипани делови кои се составен дел на тендерската документација кои се детално опишани во техничката спецификација за одржување на паркинг системот за регулирање на влезно-излезен терминал, наплатна станица, паркомати, вертикална сигнализација (семафори) на паркиралиште. За целокупното одржување на паркинг системите Извршителот е должен да достави Методологија за одржување на паркинг системот по која треба да се придржува. Во Методологијата за одржување на паркинг системот детално да се пропишани сервисните активности што треба да се извршуваат на одредени периоди, а кои се барани од производителите на делови од опремата вградена во паркинг системот. Набавката за тековно одржување и сервисирање на паркинг системот за регулирање на влез и излез од паркиралиштата ги опфаќа катните гаражи “Разловечко Востание”, “Солунски Конгрес”, “Кресненско Востание” и “Смилевски Конгрес” кои се наоѓаат во централното градско подрачје на Скопје во Општина Центар.

Линк до огласот: https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/e8b5855e-d67d-4757-9e6a-2fc8d0718972/14

 

 

Share This