Оглас за јавна набавка број 13349/2020

Од во Јавни набавки - архива со 0 Comments


Број на оглас: 13349/2020 објавен на 17.09.2020 година

Предмет на Договорот за јавна набавка: Контрола на квалитет на вграден бетон за изградба на објекти со станови наменети за лица во социјален ризик и други ранливи групи.

Подетален опис на предметот на договорот за јавна набавка: Видот на набавката е утврден како услуга за вршење контрола на квалитет на вграден бетон за изградба на објекти со станови наменети за лица во социјален ризик и други ранливи групи и тоа за изградба на објектите УВ 41 ГП 8 Сарај Скопје, Блок 40.дел индустриска зона–Локалитет 1 ГП 2.1 во Велес, Венец 2 Ламела 1 и 2 во Дебар, ГП 5.6.1 во Гевгелија, ГП 1 Блок 5 во Демир Капија, Драчевик Б 2.3 13-та бригада во Кочани, ГП2.3.03 ДУП за ЧЕТВРТ 2 во Прилеп и У.П. Н9 Сењак 4 во Штип. Контрола на квалитет на вграден бетон се врши согласно Правилникот за техничките нормативи за бетон и армиран бетон. Контролата на квалитетот се состои од контрола на производството и контрола на усогласеноста со условите од проектот за Конструкции и проектот за Бетон. – Контрола на квалитет на бетон во Ф-ка за бетон според член 38 до член 46 од ПБАБ’87, – Контрола на квалитет на бетон според член 39 од ПБАБ’87, – Контрола на конзистенција на свежа бетонска мешавина на местото на вградување, – Земање на пробни тела во согласност со проектот за Бетон и ПБАБ’87 и испитување јакост (цврстина) на притисок на пробните бетонски тела, како и останатите карактеристики кои се пропишани во проектот за Бетон (отпорност на мраз, водонепропустливост и др.) според ПБАБ’87, – Обработка на резултатите по партии со изработка на месечен извештај, изработка на завршен извештај и доставување на истите до Нарачателот, во роковите утврдени со договорот за извршување на услугата. Количините на работи се дефинирани преку бруто површина на објектите, која за секој објект поединечно изнесува • УВ 41 ГП 8 Сарај Скопје 3.336,00 м2 • Блок 40.дел индустриска зона–Локалитет 1 ГП 2.1 во Велес 2.120,00 м2 • Венец 2 Ламела 1 и 2 во Дебар 3.582,00 м2 • ГП 5.6.1 во Гевгелија 4.426,00 м2 • ГП 1 Блок 5 во Демир Капија 1.094,00 м2 • Драчевик Б 2.3 13-та бригада во Кочани 2.324,00 м2 • ГП2.3.03 ДУП за ЧЕТВРТ 2 во Прилеп 3.800,00 м2 • У.П. Н9 Сењак 4 во Штип 2.400,00 м2.

Линк до огласот: https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/78aac070-976c-46e9-8ac8-80425dd4fcc5/14

Share This