Социјална зграда во Гостивар (03.03.2022)

Од во Известувања со 0 Comments

Социјална зграда во Гостивар

Вкупно 70 семејства од социјално ранливите категории граѓани ќе можат да аплицираат на јавен оглас за распределба на станови во социјалната зграда во Гостивар. Министерството за транспорт и врски ќе го распише утре и ќе трае до 4 април. На ваков начин ќе се обезбеди дом за деца над 18 години без родители, корисници на право на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни природни непогоди, лица со попреченост, самохрани родители со малолетни деца и припадници на ромската заедница кои се социјално загрозени. Според министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој заедно со генералниот директор на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, направија обиколка на дел од становите, само жители на општина Гостивар кои ги исполнуваат критериумите ќе може да аплицираат на овој оглас.

  • Би сакал да ве уверам дека сите апликации ќе бидат земени предвид, а становите ќе се распределуваат во транспарентна постапка. Исто така, веќе се подготвува јавен повик за распределба на станови во уште три социјални згради во Пробиштип, Свети Николе и Виница – рече Бочварски.

Директорот на АДИССДП, Кристијан Трајковски, посочи дека социјалната зградата во Гостивар има 70 стана, а вредноста на градбата изнесува 79 милиони денари.

  • Во изминативе два дена имавме интезивни преговори со Банката за развој при Советот на Европа со којашто преговараме за отпочнување нов проект. Очекувам дека од следната година ќе го објавиме, а за разлика од претходните предвидува проширување на категориите граѓани кои ќе можат да аплицираат за социјален стан – рече Трајковски.
Share This