Во тек е акција за чистење на гаражите на АДИССДП (29.03.2022)

Од во Известувања со 0 Comments

Во тек е акција за чистење на гаражите на АДИССДП

Акцијата почна со катната гаража „Разловечко востание’’ каде тим од наши вработени ги чистат сите 18 нивоа. Исфрлени се големи количества смет и отпадоци, меѓу кои најмногу кеси, пластични шишиња, влажни марамчиња и лименки од разни пијалоци. Се чистат и патеките на движење како и скалишниот простор Во тек е санација на оштетените сијалични места и замена на дел од нив со нови.

Ваква акција во наредните денови ќе се спроведе и во останатите катни гаражи со кои стопанисува АДИССДП (“Кресненско востание’’, “Смилевски конгрес’’ и “Солунски конгрес’’)

Залагањата на нашето друштво секогаш се во насока на одржување на хигиена на гаражите и на останатите простори со коишто стопанисуваме, а ваквата грижа подразбира и навремено реагирање на забелешките на корисниците.

Share This