Распишан јавниот повик за распределба на социјалната зграда во Пробиштип (16.08.2022)

Од во Известувања со 0 Comments

Распишан јавниот повик за распределба на социјалната зграда во Пробиштип

Социјалната димензија е основна политика на нашето Друштво.

АДИССДП преку изградбата на социјални згради со години наназад се грижи да обезбеди дом и достоинствен живот за голем број наши граѓани. Социјалната зграда во Пробиштип ќе значи почеток на нов живот на 48 семејства од социјално ранливите категории граѓани, меѓу кои лица со попречености, деца без родители, самохрани родители, корисници на право на гарантирана минимална помош, лица припадници на Ромската заедница кои се социјално загрозени. Станува збор за прв објект од ваков тип во Пробиштип, а становите се еднособни со квадратура од 38-48 м2.

„Финансиската конструкција на овој проект веќе завршува, завршуваме со изградба на останатите згради и сме во интензивни преговори со Банката за обезбедување на нов заем со што ќе го продолжиме овој проект за да можеме да градиме вакви социјални згради и во другите општини низ државата“, истакна генералниот директор Зоран Ѓоргијев.

Share This