Социјална зграда во Дебар (07.11.2022)

Од во Известувања со 0 Comments

Се градат 47 социјални станови во Дебар

Зградата во Дебар треба да обезбеди достоинствен живот и дом за 47 семејства од социјално ранливи категории граѓани од општината. Инвестицијата  е вредна речиси 67 милиони денари и како и сите објекти од овој тип предвидува и  станови за  инвалидизирани лица преку обезбедување прилагодени приоди.

Увид во текот на градежните активности извршија Генералниот директор на АДИССДП- Зоран Ѓоргијев, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски , заменикот министер Беким Реџепи, како и градоначалникот Хекуран Дука. Според Ѓоргијев, објектот се очекува да биде завршен  следната година.

“Со интензивна динамика се одвиваат и градежните работи на социјалните згради во Скопје ( Бутел, и Сарај) , во Кочани  и во Велес . Нашите проекции покажуваат дека во најскоро време, согласно  проектот Ф/П 1674 , комплетно ќе бидат завршени објекти од ваков тип во вкупно  25 општини низ Републиката’’, изјави Ѓоргијев.

Посочувајќи ја социјалната димензија на досега завршените, изградени и планирани објекти од овој тип, министерот Бочварски посочи дека ова е само уште една потврда дека  оваа влада посветено работи на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните кои имаат потреба од помош.

“Изградивме, односно во фаза на изградба се преку 850 станбени единици низ целата држава, а за неполни два месеци распишавме три јавни повици за распределба на социјални згради во Пробиштип, Виница и Свети Николе’’, рече Бочварски

Според градочаналникот Дука, зградата  треба да обезбеди кров над глава на семејства на кои општината и досега им помалага. На дел од нив им била плаќана кирија со средства од општинскиот буџет, а на некои им биле изградени живеалишта со донации од иселениците.

Share This