Станот е на 4-ти кат, во зграда лоцирана во населба Аеродром, на ул. „Пандил Шишков“ број 32 (по ново 24). Станот е двособен, со вкупна површина од 49м2. Рационално  искористениот  простор во комбинација со елегантните детали меѓу кои се истакнува вкусно избраниот дизајн на плочки во кујната и во бањата се доволна причина овој стан да го изберете за свој дом. Дополнителен мотив се и функционалната тераса, високо квалитетниот паркет како и комплетно опремената бања. Комфорот е гарантиран.

 

Содржини во објектот

  • 5 минути до Центар
  • Балкон
  • Одличен поглед
  • Опремена бања