Спектакуларен концерт на Стинг на Националната арена „Тоше Проески’’

Од во Стадион - настани со 0 Comments

Националната арена „Тоше Проески’’ ја исполнија околу 25.000 посетители , со што овој музички настан се вбројува во досега најголемите во Република Северна Македонија кога се во прашање концертите на светски артисти кои што се со високо квалитатино ниво . Речиси целосно беа искористени капацитетите на Северната и Јужната трибина, а голем број од фановите на Стинг го следеа овој спектакуларен настап од теренот кој за оваа прилика беше заштитен со портафлор. Менаџментот на АДСДП максимално одговори на барањата на организаторот „Авалон продукција’’, како и на потребите на светската ѕвезда во однос на барањата за приклучоци за струја, озвучувања и светлосни ефекти, со што уште еднаш се потврдија неограничените можности на овој стадион за организирање настани од различен карактер. Пред Стинг, на некогашниот Градски стадион, сега „Тоше Проески’’ имаат настапено и светските музички ѕвезди Џејмс Браун, Сантана и Пинк како и глобално познатиот диџеј и продуцент Дејвид Гета. Концерти одржаа и Тоше Проески, Здравко Чолиќ, Жељко Јокисмовиќ кога имаше помеѓу 40.000 и 45.000 посетители.Националната арена „Тоше Проески’’ е најголем спортски објет во Република Северна Македонија со капацитет од 33.011 посетители. Со овој капацитет, Националната арена се вбројува во средно големи стадиони во Европа, додека на Балканскиот полуостров е еден од десетте најголеми стадиони.

Share This