Банката за развој при Советот на Европа задоволна од динамиката на реализација на Проектот за домување на социјално ранливи групи Ф/П1674

Од во Прес со 0 Comments

На ден 26.11.2019 год. во просториите на АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката, се одржа состанок на претставници  на  Банката за развој при Советот на Европа  со претставници на АДСДП и на Министерствата за Транспорт и врски,Труд и социјална политика и Финансии. Главна тема беше Проектот за домување на социјално ранливи групи Ф/П 1674 за чија реализација е задолжено Друштвото.По извршената презентација  за степенот на досегашната изведена состојба, претставниците на ЦЕБ констатираа дека процесот се спроведува во предвидената динамика и изразија задоволство поради навременото изршување на заедничките обврски.

На состанокот се дискутираше и за тековното инвестиционо одржување на веќе изградените станови за лица со социјален ризик и други ранливи групи. Во интерес на подобрување на условите за живеење во овие објекти, беше одлучено да се формира работна група која  во оваа насока ќе  изнајде и понуди решенија.Членовите на групата треба  да утврдат и начин кој ќе овозможи подобрување на наплатата од страна на лицата кои живеат во социјалните згради.

Проектот Ф/П е делумно финансиран од Банката за развој при Советот на Европа по Рамковниот договор за заем за делумно финансирање на Проектот за домување на социјално ранливи групи. Со овој проект предвидена е изградба на 32 објекти низ целата територија на државата. Досега се изградени 17 станбени згради.

Share This