Оглас за јавна набавка број 15863/2019

Од во Јавни набавки - архива со 0 Comments


Број на оглас: 15863/2019 објавен на 31.12.2019 година

Предмет на Договорот за јавна набавка: Изработка на проектна документација за објект Бејбунар блок 7.10 во Охрид

Подетален опис на предметот на договорот за јавна набавка: Изработка на комплетна проектна документација и тоа идеен проект, основен проект со сите фази, проекти за дислокација на постоечки подземни инсталации за објект Бејбунар блок 7.10 во Охрид и ревизија на проектот. Проектната документација треба да биде изработена врз основа на Изводот од ДУП, Проектната програма потпишана од Нарачателот, Елаборатот за нумерички податоци, Елаборатот за геомеханички истражни работи, Законот за просторно и урбанистичкото планирање и неговите подзаконски акти, Законот за градење и неговите подзаконски акти, Законот за домување, Правилникот за стандарди и нормативи за проектирање на објекти, Правилник за енергетски карактеристики на зградите, Правилникот за содржината на проектите, означувањето на проектот, начинот на заверка на проектот од страна на одговорните лица и начинот на користење на електронските записи и други важечки законски прописи врзани за предметот на набавката. Ревизијата на проектот треба да биде извршена од реномирано правно лице лиценцирано за вршење ревизија на архитектонско урбанистичка планска документација, избрано од страна на Извршителот во согласност со Нарачателот. Набавката исто така опфаќа обезбедување на согласности од надлежни институции за Проектите за дислокација на подземни инсталации и поднесување на потребна документација до субјект кој врши научно истражувачка дејност–научен институт специјализиран во областа на заштита на градби од сеизмички влијанија за обезбедување позитивно Мислење за проектираниот степен на механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита на градбата. При изработката на проектната документација треба да се применуваат рационални современи и издржани решенија.

Линк до огласот: https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/4393ce40-6be5-476f-96d5-e31ba9efc642/1

Share This