Во Свети Николе се гради социјална зграда по период од 30 години

Од во Прес со 0 Comments

Во Свети Николе почна изградба на социјална зграда во која ќе можат да се вселат 48 семејства од социјално ранливите категории.Според Генералниот директор за АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката Кристијан Трајковски, становите се со површина од 34 до 46 метри квадратни. „Друштвото останува силно посветено на процесот на реализирање на програмата за изградба на објекти од овој тип кои треба да обезбедат покрив над глава на најсиромашните семејства’’- посочи Трајковски. Според него, во наредниот период  ќе почне изградба на социјална зграда во Виница, старт на градежни активности ќе има и во скопската општина Бутел каде ќе можат да се вселат 312 смејства од социјално ранливите категории, а до крајот на месец мај се очекува да бидат завршени уште 7 набавки.„ Во период од година, година ипол ќе почне изградбата на 13 станбени единици со оваа намена’’, информираше Трајковски. Вкупната инвестиција за изградба на социјални згради низ државата изнесува околу 10 милиони евра.

Според министерот за транспорт и врски Горан  Сугарески, владата останува силно фокусирана во делот што значи изградба на социјални станови, во смисла на помагање на социјално ранливите категории.„Ние тоа го релизираме во континуитет, тоа го покажавме и минатата година. Имаме сериозна, силна пресвртница во делот на она што до пред неколку неколку години се правеше и она што е сега владина политика’’, рече Сугарески.

Градоначалникот на Свети Николе истакна дека по период од 3 децении се гради социјална зграда во градот. Рокот за изградба на објектот е 18 месеци, но плановите се сите градежни активности да завршат и порано.

Share This