АДИССПДП предложи намалување на закупнините за деловните простории

Од во Известувања со 0 Comments

АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката- Скопје ќе и предложи на Владата намалување на закупнината на деловните простории на Друштвото, и тоа во целиот период на траење на мерките за заштита и превенција од вирусот КОВИД- 19. На овој начин, закупците на угостителски објекти би плаќале 30% пониска закупнина на месечно ниво, а сите останати 20% пониска закупнина. 

Предлог мерката беше договорена на состанок меѓу дел од закупците и раководството на Друштвото, а на кој Генералниот директор Кристијан Трајковски беше информиран за состојбата и последиците со кои што се соочуваат. Ваквото олеснување ќе можат да го користат само клиентите кои ќе ги подмират финансиските обврски, односно да не должат закупнина повеќе од 3 месеци, а правото ќе можат да го остварат и сите идни закупци кои ќе склучат договор за користење на деловен простор во сопственост на АДСДП.з

Share This