Оглас за јавна набавка број 19065/2020

Од во Јавни набавки - архива со 0 Comments


Број на оглас: 19065/2020 објавен на 15.12.2020 година

Предмет на Договорот за јавна набавка: Набавка на материјали потребни за одржување на тревната површина на „Национална арена Тодор Проески“–Скопје–Тревен бусен, Семе, тресет и речен песок, Артикли за прихрана и заштита

Подетален опис на предметот на договорот за јавна набавка: Набавка на материјали потребни за одржување на тревната површина на „Национална арена Тодор Проески“–Скопје тревен бусен, семе, тресет и речен песок и артикли за прихрана и заштита, и тоа – Набавка на тревен бусен кој ќе служи за замена на оштетени површини, како и репарирање на извадениот оштетен бусен. Бусенот треба да биде во ролни со широчина од 90 цм до 120 цм и треба да е составен од врстите Поа Пратенсис од 75 % до 85 % и Лолиум Перене од 15 % до 25 % наменет за „Национална арена Тодор Проески“–Скопје. Не смее да има други сорти на трева, ниту детелина, заштитени од габични заболувања и присуство на инсекти. – Набавка на материјали за сеење кои ќе служат за просејување и отсејување со состав од Поа Пратенсис, Лолиум Перене, тресет (природно ѓубриво со органски материи) плодна црна земја и речен песок со гранулација од 0–2 мм, во никој случај не смее да биде од дробен материјал, туку алувијални речни наслаги. – Набавка на артикли за прихрана и заштита, кои ќе служат за одржување и заштита на тревната површина. – За прихрана гранулирани ѓубрива–бисерни гранули како што се спороразложувачко ѓубриво–комплексно, спороразложувачко комплексно стартер ѓубриво, азотен додаток за прихрана, како и калиум–нитрат. Прихрана од водорастворливи ѓубрива како зајакнувачи на растенијата, активатор на вегетациски циклус, калциум нитрат, железен додаток во исхраната и микроелементи за додаток во исхраната. – За заштита ќе се користат повеќе видови на инсектициди, фунгициди, хербицид и акарицид.

Линк до огласот: https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/dd15d3bb-2884-4ac4-8df2-49e5400259f1/1

 

Share This