Социјална зграда во Велес (06.05.2022)

Од во Известувања со 0 Comments

Социјална зграда во Велес

На неколку месеци до финилизирање на изградбата на првата социјална зграда во Велес, увид во градежните работи извршија Генералниот директор на АДИССДП, Кристијан Трајковски и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Во изминативе години успеавме да завршиме или во фаза на изградба се вкупно 853 социјални станови во четиринаесет општини низ државата. Дел од нив ги распределивме, а дел се во завршна фаза и во наредниот период ќе распишеме јавни огласи за распределба, истакна Бочварски.

Станбената зграда има 29 станови, инвестицијата е  41, 5 милиони денари. Се очекува да биде завршена до октомври годинава.

“Наша обврска е да создаваме услови ранливите семејства да добијат сигурност и подобри услови за живот.  И заради тоа интензивно работиме на мерки и политики кои влијаат на подобрување на социјалната положба на ранливите категории. Ова е еден од начините како оваа Влада води сметка за згрижување на ранливите семејства. Зградата во Велес се работи со добра динамика и веднаш по нејзиното завршување ќе распишеме јавен повик за распределба на становите.” – изјави Бочварски.

Министерот додаде дека во овој момент во завршна фаза се зградите во Неготино, Демир Капија и Гевгелија, а во моментов во фаза на изградба се 470 социјални станови во Бутел, Сарај, Кочани, Пехчево и оваа во Велес.

Генералниоит директор на АД за  изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката, Кристијан Трајковски, истакна дека веќе се прават планови за продолжување на овој проект.

“Разговарaваме со министерот за продолжување на овој проект и затоа активно работиме на расчитување на имотно правните работи на други локации во општините. Банката даде позитивно мислење за нов заем и на добар пат сме да продолжиме да градиме и низ други општини и да го решаваме станбеното прашање за ранливите категории граѓани.” – изјави директорот  на АД за изградба и  стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката Кристијан  Трајковски.

Share This