Социјална зграда во Виница (19.10.2022)

Од во Известувања со 0 Comments

Социјалната димензија е основната политика на АДИССДП.

“Комплетно завршивме уште еден објект, социјална зграда во Виница која е дел од проектот Ф/П 1674, Проект за изградба на станови за лица во социјален ризик и други социјално ранливи групи со вкупно 36 стана. Овој проект е од врвно значење за Акционерското Друштво имајќи педвид дека со него се решава станбеното прашање на голем број семејства од ранливите категории. До сега се завршени вкупно 22 објекти, а во иднина се планирани изградба на социјални згради и во други градови низ Републиката.

Со оглед на успешноста на проектот Акционерското Друштво моментално е во интензивни преговори со Банката за развој при Советот на Европа за продолжување на соработка за нови проекти за изградба на згради и во други општини на ниво на Република Северна Македонија.” – истакна Помошникот директор за градба и уредување на градежно земјиште при АДИССДП Билјана Главинчевска – Вранишкоска.

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски во присуство на Помошник директорот на АДИИСДП, претставници од Центарот за социјални грижи во Виница истакна дека “Топол дом и покрив над глава ќе можат да добијат 36 семејства од социјално ранливите категории на граѓани од општина Виница” и објави јавен повик за распределба на социјални станови во социјалната зграда. Јавниот оглас ќе биде во траење од 32 дена од денот на распишување, односно од денеска, па се до 16.11.2022 година.

Share This