Социјална зграда во Свети Николе (25.10.2022)

Од во Известувања со 0 Comments

Социјалната димензија е основната политика на АДИССДП.

“Комплетно завршивме уште еден објект, социјална зграда во Св. Николе која е дел од проектот Ф/П 1674, Проект за изградба на станови за лица во социјален ризик и други социјално ранливи групи со вкупно 48 станбени единици со вкупна станбена површина од 1997,43 м2 и 48 подруми со вкупна површина од 249,8 м2. Становите се со површина од 35 – 47 м2. До сега се завршени вкупно 22 објекти, во завршна фаза се објектите во Демир Капија и Неготино. Во изградба се Скопје – Бутел, Дебар, Кочани, Велес и Скопје – Сарај. Планирани за идна градба се Пехчево, Прилеп и Штип.

Имајќи предвид дека Проектот успешно се имплементира, а при тоа се решава станбеното прашање на голем број семејства од ранливите категории, Акционерското Друштво продолжува со преговорите со Банката за развој при Советот на Европа за понатамошна соработка за нови проекти за изградба на згради и во други општини на ниво на Република Северна Македонија.” – истакна Генералниот директор на АДИССДП Зоран Ѓоргијев.

Во присуство на претставници од Центарот за социјални грижи во Св. Николе Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски истакна дека “Покрив над глава ќе можат да добијат 48 семејства од социјално ранливите категории на граѓани од Општина Св. Николе” и објави јавен повик за распределба на социјални станови во социјалната зграда. Јавниот оглас ќе биде во траење од 30 дена и истиот ќе биде објавен во Центарот за социјални работи во Св. Николе и на веб страницата на Министерството за транспорт и врски.

Share This