Планирани социјални станови во Скопје

  • населба Бутел: 312 станови
  • населба Сарај: 58 станови

 
АДСДП наскоро ќе почне со изградба на станбена зграда со 312 стана во
општина Бутел наменета за домување на социјално ранливи категории на
граѓани. Избран е изведувач, а во моментов се работи на расчистување на
локацијата.
Во многу скоро време ќе биде ставена во употреба зградата во Гостивар со
70 стана каде следи постапка на технички прием. Паралелно, во тек е
постапка за избор на Изведувач за изградба на вакви објекти во
Пробиштип и во Неготино. Проект за зграда за социјално ранливи
категории во Виница е доставен до општината за добивање одобрение за
градење, а ваков објект ќе се гради и во Свети Николе. Во исто време, се
работи на подготовка за проектирање на вакви згради уште на 5 локации:
Пехчево, Гевгелија, Сарај Скопје, Велес и во Дебар.
На ваков начин АДСДП ја потврдува општестената одговорност како своја
приоритетна цел. До сега Друштвото успеа да им овозможи покрив над
глава на илјадници лица во социјален ризик како што се лица со ниски
примања, деца без родители, самохрани родители, слепи лица
корисници на социјална помош,млади брачни парови и други категории.

Share This