Стручни тимови извршија темелна дезинфекција на сите социјални зградиво Скопје ( вкупно 6) и на катните гаражи (вкупно 4). Со третман кој ги уништува сите бактерии и штетни патогени микроорганизми од површините беа дефинфицирани 2 згради во местото Јурија- општина
Ѓорче Петров и 4 објекти на ул. Босна и Херцеговина во општина Бутел. Во објектите ( со околу 300 станбени единици) сместени се социјално ранливи категории граѓани ( лица приматели на социјална помош, деца без родители, самохрани родители, припадници на Ромската етничка
заедница и др.) Дезинфицирани се заедничките површини, односно лифтовите, влезовите на објектите, скалишниот простор и гелендрите.
Детална дезинфекција е извршена и на сите катни гаражи ( „Кресненско Востание’’, „Разловечко Востание’’, „Солунски Конгрес’’ и „Смилевски Конгрес’’). Исто и кај социјалните згради, стручните тимови употребија средство кое е еколошко, односно кое и покрај својата голема ефикасност
е потполно безбедно за околината. Дезинфицирани беа заедничките простории ( лифтови, скалишен простор и гелендри, патеките на движење)
Акцијата ќе продолжи и во другите градови на државата.