АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката-Скопје изврши нова, втора по ред дезинфекција на 4 катни гаражи со кои што стопанисува („Кресненско Востание’’, „Разловечко Востание’’,„Солунски Конгрес’’и „Смилевски Конгрес’).
Дезинфицирани беа заедничките простории (скалишниот простор и гелендрите, лифтовите, патеките на движење). Ваква акција ќе биде реализирана и во следните три недели (еднаш неделно), а во случај на потреба истата ќе продолжи согласно препораките на Владата. Во меѓувреме, продолжува и дезинфицирањето на социјалните згради (вкупно 20) лоцирани низ целата територија на државата.
По минатонеделниот третман со кој се уништуваат сите бактерии и штетни патогени микроорганизми на површините, стручните тимови ја повторуваат акцијата со која се опфатени лифтовите, влезовите на објектите, заедничките простории, скалишниот простор и гелендрите.
Процес на дезинфекција е спроведен и во сите 11 Подружници на АДСДП. Повторувањето на постапката на дезинфекција е во насока на сузбивање и намалување на можноста на проширување на вирусот КОВИД-19.