Универзалната сала во Прилеп изнајмена на два спортски клуба
Агенцијата за млади и спорт е покровител на денеска склучените договори за изнајмување на Универзалната сала во Прилеп меѓу АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката и два спортски клуба од градот – АД Ракометен клуб Прилеп АД Прилеп и Здружение кошаркарски клуб МЕГА БАСКЕТ Прилеп.
Според Генералниот директор на Друштвото – Кристијан Трајковски и Директорот на Агенцијата за млади и спорт – Наумче Мојсовски, основна цел е понатамошно успешно развививање на спортот во градот преку создавање услови за тренинг и спортски активности.
АДИССДП која стопанисува со Универзалната сала во Прилеп на овој начин продолжува со својот придонес во унапредување на физичката култура и грижа за здравјето.