Број на оглас: 05145/2021 објавен на 26.03.2021 година
Предмет на Договорот за јавната набавка: Ревизија на проектна документација за сите фази за комерцијалните објекти АРМ четврт 1 Блок 2 објект 2.2 во Битола и објект Дел од ДУП 8 урбана заедница Блок 8.2 Г.П. 7.11 во Охрид
Подетален опис на предметот на договорот за јавна набавка: Ревизија на проектна документација за сите фази за комерцијалните објекти –АРМ четврт 1 Блок 2 објект 2.2 во Битола, со ориентациона бруто површина од 8.604,00 м2 и –објект Дел од ДУП 8 урбана заедница Блок 8.2 Г.П. 7.11 во Охрид, со ориентациона бруто површина од 10.269,00 м2. Набавката опфаќа ревизија на сите фази од комплетната проектна документација за комерцијалните објекти АРМ четврт 1 Блок 2 објект 2.2 во Битола и објект Дел од ДУП 8 урбана заедница Блок 8.2 Г.П. 7.11 во Охрид, и тоа ревизија на основен проект со сите фази потребни за изградбата на објектот, вклучувајќи ја и предмер–пресметката како составен дел на проектната документација со посебен акцент на сеопфатноста на описите на позициите и точноста на количините. Извештајот од ревизијата со евентуални забелешки на проектната документација по кои треба да постапи Проектантот, преку Нарачателот се доставува до проектантската куќа, а конечниот извештај за извршената ревизија со позитивен заклучок се доставува во архивата на Нарачателот во 4 (четири) примероци. Покрај изготвување на Конечниот извештај кој ќе ги содржи поединечните извештаи од сите фази од проектната документација, треба целата ревидирана проектна документација (папки проекти) да ја завери на начин согласно важечките законски прописи. Поединечните извештаи за извршени ревизии треба да бидат содржани во основните проекти, соодветно за секоја фаза и за секој објект поединечно.
Линк до огласот: https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/95ad3f11-343d-406f-98e4-81de31bb8a51/14