Виница

Од во Во градба со 0 Comments

Во рамките на проектот за домување на социјално ранливи групи Ф/П 1674, во Виница во процес на градба е објект со 36 стана.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и Генералниот директор на АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје , Кристијан Трајковски извршија увид во динамиката на изградба на социјалната града во Виница која ќе овозможи дом на 36 семејства од социјално ранливите категории граѓани.Според Трајковски,  објектот . кој е прв од ваков тип во градот    треба биде завршен во предвидениот рок од 18 месеци, а очекувањата се дека ќе биде завршен и пред предвидениот термин. „ Европската централна банка  преку која оди проектот Ф/П 1674 е исклучително задоволна од постоечката динамика на неговата реализација,  со нивните претставници сме во преговори за уште неколку проекти кои ќе продолжат како замена за постоечкиот’’, рече Трајковски. Генералниот директор најави дека во следната една ипол до две години се  отворени вкупно 13 градилишта  за згради со социјални станови.На прашањето дали е можен застој во моментов поради вирусот Ковид -19 Трајковски одговори дека максимално се почитуваат  сите пропишани мерки и препораки, бидејќи како што рече, никој не сака ситуација во која поради еден заболен би се затворило целото градилиште.

Според министерот Сугарески, објектот во Виница е еден од низата проекти  во рамките на актуелната градежна офанзива.Напомена дека во моментов во земјава се градат социјални згради уште на 4 локации- во скопската општина Бутел, Пробиштип, Свети Николе и Неготино.Оттука, според него, сите овие проети се само уште една потврда дека нема застој во капиталните инвестиции кои се реализираат во сите сфери.

Share This