Во рамките на проектот за домување на социјално ранливи групи Ф/П 1674, во Неготино во процес на градба е објект со 62 стана.Катност на објектот е приземје + 3 ката.

Во Неготино почна изградба на социјална зграда во која ќе можат да се вселат 62 семејства од социјално ранливите категории. Според Генералниот директор на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката Кристијан Трајковски, рокот за изградба е 18 месеци . „Можно е оваа зграда да биде завршена и пред утврдениот термин и сите оние лица кои имаат проблем во делот на станбеното прашање , а ги исполнуваат критериумите порано да добијат кров над глава’’, изјави Трајковски.Според него, следува интензивен период во делот на изградба на објекти од ваков тип.

Во текот на август ќе почне изградба на згради за социјално ранливи категории граѓани во Виница, Свети Николе и скопската општина Бутел, а од ноември уште пет вакви објекти во Дебар, Велес, Гевгелија итн.
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески посочи дека Владата е силно фокусирана на реализирањето на целите кои треба да обезбедат решавање на станбеното прашање на социјално ранливите категории.„ Во наредниот период колку што можеме ќе обезбедиме покрив над глава на семејства од различни општини. Покрај тоа што заедно со јавните претпријатија го работиме во делот на патната, железничкат и комуналната инфраструктура, особено ни е важна и изградбата на
социјални станови’’, рече Сугарески Градоначачникот на Неготино нагласи дека во Неготино прв пат се гради социјална зграда.

Share This