Исчистени и дезинфицирани гаражите на АДСДП
02/07/2020| Известувања| АДИССДП
Темелно се исчистени и дезинфицирани катните гаражи со кои стопанисува АДСДП („Разловечко Востание’’, „Креснено Востание’’,„Смилевски Конгрес’’и „Солунски Конгрес’’).
Во интерес на заштита на нашите корисници постапката на дезинфекција редовно се повторува, односно се врши еднаш неделно и тоа со третман кој ги уништува сите бактерии и штетни патогени микроорганизми на површините.
АДСДП континуирано се грижи за хигиената на гаражите, а акциите на чистење се во рамките на редовните годишни програми на Друштвото. Со специјални средства кои покрај својата голема ефикасност се потполно безбедни за околината, беа исчистени и дезинфицирани лифтовите, скалишниот простор, заштитните огради, патеките на движење, гелендрите, а исфрлени се и големи количества смет и отпадоци.
Последна измена: 02/07/2020
Орце Николов 138, Центар – Скопје
02/2 633 800
adsdp@adsdp.mk
За државата. За граѓаните. За иднината.
- Политика на приватност
- Политика за системот за заштита на лични податоци
- Политика за користење на колачиња









