Во општина Бутел се гради најголемата социјална зграда

Од во Прес со 0 Comments

Увид во динамиката на изградба на социјалната зграда во Бутел која ќе овозможи дом за 312 семејства од социјално ранливите категории граѓани извршија техничкиот премиер Оливер Спасовски, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и Генералниот директор на АДСДП Кристијан Трајковски.

Според Трајковски, станува збор за најголем објект од ваков тип отпочнат досега. „Во моментов се градат социјални згради уште на 4 локации, а очекувам дека за неполн месец ќе завршат постапките за уште 7 објекти за социјално домување. Интензивната динамика на градба се должи на заедничките напори со Владата да се забрза целиот проект кој 2 години беше во застој’’, рече Трајковски.

Според техничкиот премиер Спасовски,  изградбата на социјалните станови е резултат на доследното спроведување на мерките и политиките на Владата  за подобрување на  социјалната положба на  ранливите категории граѓани „Колку за споредба, во периодот од 2011 до 2017, или за 6 години  биле изградени 678 социјални станови, а во периодот од 2017 до 2020, или за 3 години  досега изградени се или во тек на изградба се 897 стана’’, рече Спасовски.

Динамиката на изградба на оваа, но и на останатите градежни активности, според Министерот Сугарески е потврда на приоритетите на Владата за решавање на егзистенцијалните прашања на најранливите категории граѓани.

Share This