Избор на нов Генерален директор на АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Републиката (05.09.2024)

Од во Известувања со 0 Comments

 

Марјан Стефановски е новиот Генерален директор на АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Републиката кој беше избран на оваа функција на денешната седница на Одборот на директори.
🔴 Стефановски доаѓа од редот на вработените на самото Друштво каде во изминатиот повеќегодишен работен ангажман беше на различни позиции, вклучувајќи и неколку раководни.
🔴 “Имам конкретен план за реформи и развој на Друштвото и заедно со новиот менаџерски тим ќе работам во насока на остварување на најдобри можни резултати, а со тоа и успеси. АДСДП има огромен потенцијал да создава вредности, да диктира текови и да создава во насока на доброто на граѓаните, па оттука моите планови се фокусирани на планирање сериозни проекти, но и кратења на непродуктивни трошоци. Сите заеднички ќе работиме ефикасно, одговорно и посветено, со што верувам дека ќе станеме пример за успешно работење’’, рече Стефановски при превземање на функцијата.
Share This