Во рамките на проектот за домување на социјално ранливи групи Ф/П 1674, во населбата Бутел во Скопје се гради објект што ќе има 312 стана односно станува збор за голем објект кој ќе овозможи покрив на глава на голем број ранливи семејства, односно лица од социјално ранливите категории граѓани. Исто како и во сите останати социјални згради, АДСДП особено внимание обрнува на инвалидизираните лица за кои во објектот се предвидени прилагодливи станови, соодветен пристап пред влезовите, како и посебни паркинг места. Зградата е составен дел на проектот Ф/П 1674 чија главна цел е обезбедување пристап до соодветно домување и борба против сиромаштијата и социјалната исклученост.
Share This