Марјан Стефановски е новиот Генерален директор на АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Републиката кој беше избран на оваа функција на денешната седница на Одборот на директори.
Стефановски доаѓа од редот на вработените на самото Друштво каде во изминатиот повеќегодишен работен ангажман беше на различни позиции, вклучувајќи и неколку раководни.
“Имам конкретен план за реформи и развој на Друштвото и заедно со новиот менаџерски тим ќе работам во насока на остварување на најдобри можни резултати, а со тоа и успеси. АДСДП има огромен потенцијал да создава вредности, да диктира текови и да создава во насока на доброто на граѓаните, па оттука моите планови се фокусирани на планирање сериозни проекти, но и кратења на непродуктивни трошоци. Сите заеднички ќе работиме ефикасно, одговорно и посветено, со што верувам дека ќе станеме пример за успешно работење’’, рече Стефановски при превземање на функцијата.