Оглас за јавна набавка број 12922/2019

Од во Јавни набавки - архива со 0 Comments


Број на оглас: 12922/2019 објавен на 21.11.2019 година

Предмет на Договорот за јавна набавка: Изработка на архитектонско урбанистичка планска документација за објект Дом на спортови во Скопје на ГП 1.7 локалитет И14 во Општина Аеродром

Подетален опис на предметот на договорот за јавна набавка: Изработка на архитектонско-урбанистички проект за ГП 1.7 во Општина Аеродром, ДУП за Градска четврт И 14 и Ревизија на проектот. – Архитектонско урбанистичката планска документација треба да биде врз основа на Изводот од Деталниот урбанистички план, Законот за просторно и урбанистичкото планирање (Сл.весник на РМ бр. 51/05, бр. 137/07, бр. 91/09, бр. 124/10, бр. 18/11, бр. 53/11, бр. 144/12, бр. 55/13 и бр.163/13) и неговите подзаконски акти, Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање (Службен весник на РМ бр. 63/12, бр. 126/12, бр.19/13, бр. 95/13 и бр. 167/13), Законот за градење и неговите подзаконски акти, Правилникот за содржината на проектите, означувањето на проектот, начинот на заверка на проектот од страна на одговорните лица и начинот на користење на електронските записи и други важечки законски прописи врзани за предметот на набавката. – Ревизијата на проектот треба да биде извршена од реномирано правно лице лиценцирано за вршење ревизија на архитектонско урбанистичка планска документација, избрано од страна на Извршителот во согласност со Нарачателот.

Линк до огласот: https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/f6f20fd3-0bdc-443c-aa98-b1d98a038227/13

Share This