Македонските навивачи славеа победа на Националната арена „Тоше Проески’’
Фудбалскиот натпревар меѓу македонската репрезентација и репрезентацијата на Израел се одигра по врнежливо време, со претходна целосна подготвеност на објектот. Теренот за кој континуирано се грижи стручна служба и покрај дождот беше во беспрекорна состојба, а задоволени беа и сите останати услови кои се бараат од страна на УЕФА.Националната арена „Тоше Проески ’’ на која македонската репрезентација славеше над Израел со резултат 1:0, со што со победа го заврши квалификацискиот циклус за Европското првенство во 2020, синоќа ја исполнија речиси 10 000 љубители на фудбалот. Националната арена „Тоше Проески’’ е најголем спортски објект во Република Северна Македонија со капацитет од 33.011 посетители.Стадионот е категоризиран како објект од четврта категорија, односно претставува еден од најелитните стадиони во регионот.