Оглас за јавна набавка број 15507/2019

Од во Јавни набавки - архива со 0 Comments


Број на оглас: 15507/2019 објавен на 27.12.2019 година

Предмет на Договорот за јавна набавка: Изработка на проектна документација за објект ГП2.3.03 ДУП за ЧЕТВРТ 2 во Прилеп

Подетален опис на предметот на договорот за јавна набавка: Изработка на комплетна проектна документација со ревизија и тоа Основен проект со сите фази, проекти за дислокација на постоечки подземни инсталации и Елаборат за геомеханички истражни работи за објект ГП2.3.03 ДУП за ЧЕТВРТ 2 во Прилеп со социјални станови. Ревизијата на комплетната проектна документација по сите фази треба да биде извршена од реномирано лиценцирано правно лице за вршење ревизија, избрано од страна на Извршителот во согласност со Нарачателот. Елаборатот за геомеханички истражни работи и лабораториски испитувања треба да биде изработен од правно лице регистрирано за вршење на соодветната дејност, а по спроведени теренски испитувања за утврдување на квалитетот на почвата, категоризација на истата и др., а врз база на Програма за геомеханички истражни работи, претходно изготвена. Проектната документација треба да биде изработена врз основа на Изводот од ДУП, Проектната програма потпишана од Нарачателот, Елаборатот за нумерички податоци, Елаборатот за геомеханички истражни работи, Законот за просторно и урбанистичкото планирање и неговите подзаконски акти, Законот за градење и неговите подзаконски акти, Законот за домување, Правилникот за стандарди и нормативи за проектирање на објекти, Правилникот за енергетски карактеристики на зградите, Правилникот за содржината на проектите, означувањето на проектот, начинот на заверка на проектот од страна на одговорните лица и начинот на користење на електронските записи и други важечки законски прописи врзани за предметот на набавката. Набавката исто така опфаќа обезбедување на согласности од надлежни институции за Проектите за дислокација на подземни инсталации и поднесување на потребна документација до субјект кој врши научно истражувачка дејност – научен институт специјализиран во областа на заштита на градби од сеизмички влијанија за обезбедување позитивно Мислење за проектираниот степен на механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита на градбата. При изработката на проектната документација треба да се применуваат рационални современи и издржани решенија.

Линк до огласот: https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/a605b2df-d406-499b-9ed6-d8933371fd00/1

Share This