Број на оглас: 15852/2020 објавен на 27.10.2020 година
Предмет на Договорот за јавна набавка: Изработка на проектна документација и програма за геомеханички истражни работи за објект У.П. N9 Сењак 4 во Штип
Подетален опис на предметот на договорот за јавна набавка: Изработка на комплетна проектна документација и тоа основен проект со сите фази, проекти за дислокација на постоечки подземни инсталации и геомеханички истражни работи со елаборат и ревизија на елаборатот за објект У.П. Н9 Сењак 4 во Штип, за изградба на станови за лица во социјален ризик. Проектната документација треба да биде изработена врз основа на Изводот од ДУП, Проектната програма потпишана од Нарачателот, Елаборатот за нумерички податоци, Елаборатот за геомеханички истражни работи, Законот за градење и неговите подзаконски акти, Законот за домување, Правилникот за стандарди и нормативи за проектирање на објекти, Правилникот за енергетски карактеристики на зградите, Правилникот за содржината на проектите, означувањето на проектот, начинот на заверка на проектот од страна на одговорните лица и начинот на користење на електронските записи и други важечки законски прописи врзани за предметот на набавката. Извршителот исто така треба да изготви програма за геомеханички истражни работи со елаборат и ревизија на елаборатот од овластена организација. Набавката исто така опфаќа обезбедување на согласности од надлежни институции за Проектите за подземни инсталации и поднесување на потребна документација до субјект кој врши научно истражувачка дејност–научен институт специјализиран во областа на заштита на градби од сеизмички влијанија за обезбедување позитивно Мислење за проектираниот степен на механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита на градбата. При изработката на проектната документација треба да се применуваат рационални современи и издржани решенија.
НАПОМЕНА ПОРАДИ ГОЛЕМИНАТА НА КОМПЛЕТНАТА ПРОПРАТНА ДОКУМЕНТАЦИЈА (ГЕОДЕТСКИ ЕЛАБОРАТ, ИЗВОД ОД ДУП, РЕШЕНИЕ ЗА ХИДРОТЕХНИЧКИ УСЛОВИ, ПРОЕКТНА ПРОГРАМА, ПОСТОЈНА–ПЛАНИРАНА ТК ИНФРАСТРУКТУРА, ПОДАТОЦИ ОД ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА СКОПЈЕ), ИСТАТА МОЖЕТЕ ДА ЈА ПРЕЗЕМЕТЕ ОД ВЕБ СТРАНАТА НА АКЦИОНЕРСКОТО ДРУШТВО ЗА ИЗГРАДБА И СТОПАНИСУВАЊЕ СО СТАНБЕН ПРОСТОР И СО ДЕЛОВЕН ПРОСТОР ОД ЗНАЧЕЊЕ ЗА РЕПУБЛИКАТА–СКОПЈЕ, ВО ДЕЛОТ ЈАВНИ НАБАВКИ/ОГЛАСИ ВО ТЕК, ВО ИСТОИМЕНИОТ ПРЕДМЕТ НА ЈАВНАТА НАБАВКА НА ДОПОЛНИТЕЛЕН ЛИНК
Линк до огласот: https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/4f36b81c-05b8-49cf-88bc-be78de7bbafb/14
Линк до основниот проект: http://adsdp.com.mk/jn_dokumenti/JN15852-2020.zip