Оглас за јавна набавка број 19846/2020

Од во Јавни набавки - архива со 0 Comments


Број на оглас: 19846/2020 објавен на 30.12.2020 година

Предмет на Договорот за јавна набавка: Изработка на проектна документација за објект ГП 4.17 ДУП Градска четврт И04 Даре Џамбаз Општина Центар–Скопје

Подетален опис на предметот на договорот за јавна набавка: Изработка на комплетна проектна документација врз основа на 3 (три) концептуални решенија избрани на Конкурс и тоа Основен проект со сите фази за објект 4.17 ДУП Градска четврт И04 Даре Џамбаз Општина Центар–Скопје, Проекти за дислокација на постоечки подземни инсталации и Проект за отстранување на постоечка градба. Проектната документација треба да биде изработена врз основа на Проектната програма, Изводот од ДУП, Елаборатот за нумерички податоци, Елаборатот за геомеханички истражни работи, Законот за просторно и урбанистичко планирање и неговите подзаконски акти, Законот за градење и неговите подзаконски акти, Законот за домување, Правилникот за стандарди и нормативи за проектирање на објекти, Правилникот за Енергетски карактеристики на зградите, Правилникот за содржината на проектите, означувањето на проектот, начинот на заверка на проектот од страна на одговорните лица и начинот на користење на електронските записи и други важечки законски прописи врзани за предметот на набавката. Набавката исто така опфаќа обезбедување на согласности од надлежни институции за Проектите за подземни инсталации и поднесување на потребна документација до субјект кој врши научно истражувачка дејност–научен институт специјализиран во областа на заштита на градби од сеизмички влијанија за обезбедување позитивно Мислење за проектираниот степен на механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита на градбата. При изработката на проектната документација треба комбинирано да се разработат трите концептуални решенија избрани на Конкурс за Идејно решение за објект 4.17 ДУП Градска четврт И04 Даре Џамбаз Општина Центар–Скопје. НАПОМЕНА Поради големината на Елаборатот за геомеханички истражни работи и Концептуалните решенија избрани на Конкурс, истите можете да ги најдете прикачени на веб страната на АДСДП, во делот Јавни набавки/Огласи во тек, каде што во истоимениот предмет на јавната набавка на дополнителен линк, Елаборатот и Конкурсните решенија ќе бидат прикачени и истите ќе може да се преземат.

Линк до огласот: https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/db8013e2-0483-4686-bce3-09e15d901dc7/1

Преземете ги конкурсните решенија и елаборатот за извршени геомеханички истражни работи и лабораториски испитувања на локација ТУКА

Share This