Оглас за јавна набавка број 03423/2021

Од во Јавни набавки - архива со 0 Comments


Број на оглас: 03423/2021 објавен на 04.03.2021 година

Предмет на Договорот за јавната набавка: Набавка на услуга за тековно одржување и сервисирање на лифтови и лифтовски постројки

Подетален опис на предметот на договорот за јавна набавка: Месечни прегледи за одржување и сервисирање на лифтови и лифтовски постројки во објекти со кои стопанисува Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење на Републиката–Скопје, според единечните количини наведени во Техничката спецификација за градовите Скопје, Битола, Ресен, Демир Хисар, Охрид, Кичево, Кочани, Берово, Македонска Каменица, Делчево, Штип и Струмица. Согласно член 20 од „Правилникот за користење и одржување на лифтови и транспортери“ (Службен весник на РМ бр. 26/09) редовното одржување и сервисирање на лифтови и лифтовски постројки во објекти со кои стопанисува Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење на Републиката–Скопје, се врши еднаш месечно и ги опфаќа активностите согласно Спецификацијата, за градовите Скопје, Битола, Ресен, Демир Хисар, Охрид, Кичево, Кочани, Берово, Македонска Каменица, Делчево, Штип и Струмица. Давателот на услугата се обврзува да врши преглед и истовремено и квалитетно да ги одржува и сервисира лифтовите кои се предмет на јавната набавка, и тоа – Еднаш месечно да изврши преглед на постројките на лифтовите, кои се предмет на договорот, преглед и контрола на сигурносните елементи, како и на работата на лифтот, – Отстранување на застои, – Да интервенира на повик на корисникот на услугата максимум 24 часа по повикот и услугите да ги врши најдоцна за 2 дена, – Да биде подготвен да интервенира во тек на сите 24 часа од денот, вклучувајќи и неработни денови, државни и верски празници, – И сите други работи предвидени со член 20 од Правилникот за користење на лифтови и транспортери.

Линк до огласот: https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/82e71d13-377e-482a-af8e-815b8d18d58b/1

Share This