Оглас за јавна набавка број 05104/2021

Од во Јавни набавки - архива со 0 Comments


Број на оглас: 05104/2021 објавен на 26.03.2021 година

Предмет на Договорот за јавната набавка: Набавка на стоки и услуги за тековно и инвестиционо одржување и сервисирање на електрични, водоводни и машински инсталации, со системот за греење на теренот на „Национална арена Тодор Проески“ Скопје, согласно описот и единечните количини во Техничката спецификација. Тековното одржување ги опфаќа услугите испитување за исправност за евентуален губиток на течност (гликол) во системот и регулација на системот, испитување (проверка) на инсталација од протекување со соодветна апаратура без раскопување на теренот, проверка на линија за дистрибуција и елементи со приклучоци, сервисирање и замена со демонтажа, набавка и монтажа на разделници, вод за разделници, центрифугални линиски и напојни пумпи, муфови, спојки, колена, полиетиленски цевки, вентили, топчести вентили, манометри, термометри и се друго кое е наведено во Техничката спецификација. За промена на резервните делови и извршување на услугата се дава работен налог од страна на нарачателот потпишан од овластените лица на двете договорни страни.

Линк до огласот: https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/292198e1-3f6a-46df-ba8a-f33be9804d25/14

Share This