Силно темпо на изградба на социјалната зграда во Бутел
Социјалната зграда во скопската општина Бутел, како најголем објект од овој тип е во завршна фаза од изработка на карабина.
Станбените единици со просечна квадратура од 28-42 м2 ќе овозможат дом на 312 семејства од социјално ранливите категории граѓани.Во моментов се вградуваат керамички плочки во бањи и кујни на ниските катови,се работи на водоинсталатерски и електротехнички инсталации,се вградува фасадна столарија, довршува ѕидаријата на последните катови и се работи на кровната конструкција.
Во оваа, како и во сите останати социјални згради, АДИССДП обрнува особено внимание на инвалидизираните лица, односно за нив се предвидени прилагодливи станови, соодветен пристап пред влезовите, како и посебни паркинг места.
Изградбата на зградата се реализира според проектот Ф/П 1674 чија цел е обезбедување дом за лица во социјален ризик и други ранливи групи.
Со подеднакво интензивна динамика се одвиваат и градежните работи на социјалните згради во Свети Николе, Виница,Пробиштип, Неготино, Демир Капија, Гевгелија и во Велес.