Финализирана изградбата на социјалната зграда во Пробиштип
На објектот кој е прв со ваква намена во градот наскоро треба да се изврши првиот интерен технички преглед.
Зградата ќе овозможи дом на 48 семејства од социјално ранливите категории.
Во овој, како и во сите останати објекти , АДИССДП обрнува особено внимание на инвалидизираните лица, односно за нив се предвидени прилагодливи станови, соодветен пристап пред влезовите, како и посебни паркинг места.
Со подеднакво интензивна динамика се одвиваат и градежните работи на социјалните згради во Свети Николе, Виница, во скопската општина Бутел, во Неготино, Гевгелија, Демир Капија и во Велес.
Иградбата на социјалните згради се реализира според проектот Ф/П1674.