Број на оглас: 11225/2021 објавен на 01.07.2021 година
Предмет на Договорот за јавната набавка: Набавка на услуга за вршење на контролни прегледи потребни за добивање на Сертификат за стадион и безбедност на „Национална арена Тодор Проески“ Скопје
Подетален опис на предметот на договорот за јавна набавка: Извршување на контролни прегледи на „Национална Арена Тодор Проески“ Скопје за добивање на „Сертификат за стадион и безбедност“. * Проектна задача Со контролните прегледи е опфатен градежен објект на стадион и тоа „А“ – Трибини и подтрибински простор (соблекувални и други службени простории) – Објекти и простории што се наоѓаат на трибините – Огради, рампи, влезни и излезни врати – Архитектонска структура на објектот (конструкција–преглед на стабилност и статика) – Сите инсталации (електрична, водоводна, канализациона, машинска и ПП инсталација) – Приклучоци за електрична инсталација (трафостаница, електрични ормани, приклучок за греење и дизел електричен агрегат) – Осветлување на стадионот (област на теренот, област на гледачи и осветлување во случај на итност) – Противпожарна заштита и противпожарна опрема – Медицински услуги–просторија за прва помош за гледачите, простор за амбулантно возило, просторија за допинг контрола, просторија за лекарски прегледи на играчи и судии – Преглед Основен план за превентивно делување при организација на натпревари и други манифестации. „Б“ – По извршениот контролен преглед и увид во документацијата на инвеститорот се изготвуваат Записници со констатирани евентуални забелешки за кои е потребна нивна класификација и изготвување на предмер и пресметка со опис на позициите, количини и цени. – Позициите кои се предмет на контролните прегледи се потврдуваат во формуларот „Сертификат за стадион и безбедност“ со потпис и печат.
Линк до огласот: https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/e02b9529-066c-4714-8bd3-c14ca7b4fcd3/13