АДСДП кое имаше огромна улога во обновата и изградбата на Градот Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година, со свои вработени учествуваше во спасувачката акција во Албанија . Јахи Исеновски и Неџати Бериша, заминаа во Драч само 24 часа по катастрофалниот земјотрес. Од страна на Друштвото веднаш добија согласност за слободни денови, за што изразија особена благодарност до Генералниот директор Кристијан Трајковски и Помошник директорот на Секторот за правни и општи работи Јон Фрчковски. Исеновски и Бериша се членови на Доброволното пожарникарно друштво „Бајрам Ифтари’’ и го имаат потребниот степен на обука за спасувачки акции од ваков тип.
-Веднаш по пристигнувањето во Драч, се приклучивме на турска спасувачка екипа која расчистуваше урнатини од хотел во потрага по преживеани, велат Исеновски и Бериша. Посочуваат дека работеле деноноќно, но за жал, немало спас за дел од затрупаните гости од хотелот.
АДСДП помагаше со стручна помош и свои екипи и во санирањето на последиците од земјотресите во Бања Лука ( 27.10.1969 год.), Црна Гора (1979 год) и во Битола ( 1994 год.)
Одборот на директори на АДСДП на вонредна седница која се одржа на 28.11.2019 донесе одлука да се приклучи во акцијата за помош на настаданите од земјотресот во Албанија.