Оглас за јавна набавка број 19782/2020

Од во Јавни набавки - архива со 0 Comments


Број на оглас: 19782/2020 објавен на 29.12.2020 година

Предмет на Договорот за јавна набавка: Набавка на услуги за тековно и инвестиционо одржување и сервисирање на рефлекторски систем и осветлување на „Национална арена Тодор Проески“–Скопје

Подетален опис на предметот на договорот за јавна набавка: Набавка на услуги за тековно и инвестиционо одржување и сервисирање на рефлекторски систем и осветлување на „Национална Арена Тодор Проески”–Скопје, по единечни количини согласно техничката спецификација. Набавката опфаќа редовни месечни прегледи, сервисирање и одржување на сите светлосни тела кои се поставени на “Национална Арена Тодор Проески”–Скопје, како што се рефлектори за осветлување на теренот и атлетската патека, јодни рефлектори за осветлување на трибините во случај на нестанок на електрична енергија, ЛЕД рефлектори за осветлување на теренот, рефлектори кои служат за осветлување на сервисната улица, илуминација на стаклена фасада, пристапните патеки, пристапните мостови, со своите придружни компоненти (сијалици, пригушници, фасонки, склопки, разводни табли, прекинувачи и др.), неонски светла, поставени на излезите на трибините, во санитарните чворови, управата на стадионот, ВИП ресторани, простории за претставници на УЕФА, ФФМ и МОК, соблекувални, приоди и скалишни простори со своите компоненти (флуо цевки, лед светилки, пригушници, цели арматури, панични светилки, прекинувачи, штекери) и други елементи во електричните инсталации, редовни месечни прегледи на инсталациите со утврдување дефектажа. Достапност на технички тим 24/7 часови и дежурство со технички тим на натпревари и настани, како и одржување и ажурирање на софтверите кои се користат за ракување на рефлекторите.

Линк до огласот: https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/5fe48457-cba2-47d0-97fb-0b38bc0f0b30/14

Share This