Врз основа на правосилни решенија донесени од страна на Комисијата за денационализација при Министерството за финансии, недвижните имоти Капан ан и Безистен во Старата скопска чаршија вратени се во сопственост на барателот Исламска верска заедница – Муфтивство Скопје. Во рамки на имотот со кој досега стопанисуваше АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје е вклучено земјиште и деловни простории. Благодарност за примопредавањето на објектите изрази поглаварот на ИВЗ Шакир ефенди Фетаху кој денеска се сретна со дел од менаџерскиот тим на Друштвото, Генералниот директор Кристијан Трајковски и помошник директорот за финансии, информатика и комерција Катерина Беќири.