Број на оглас: 12896/2021 објавен на 23.07.2021 година
Предмет на Договорот за јавната набавка: Набавка на услуга за технички прегледи и периодично испитување на системи за громобранска заштита и заземјување на катни гаражи и „Национална арена Тодор Проески“ Скопје
Подетален опис на предметот на договорот за јавна набавка: Набавка на услуга за технички прегледи и периодично испитување на системи за громобранска заштита и заземјување на катни гаражи и „Национална арена Тодор Проески“ Скопје, согласно описот и единечните количини во Спецификацијата со цени. Услугата опфаќа еднаш годишно испитување на класични громобрански инсталации, мерење и испитување на заштитно заземјување и отпор на струен удар, испитување на инсталирани громобрански фаќачи–уреди за рано стартување (ГФУРС) и издавање на сертификати–атести за исправноста на системите на „Национална арена Тодор Проески“ Скопје, како и катните гаражи „Разловечко Востание“, „Солунски Конгрес“, „Кресненско Востание“ и „Смилевски Конгрес“. 5 (пет) ГФУРС уреди се инсталирани на „Национална арена Тодор Проески“ и 1 (еден) ГФУРС уред на катната гаража „Разловечко Востание“. На катните гаражи „Солунски Конгрес“, „Кресненско Востание“ и „Смилевски Конгрес“ се класични громобрански системи. Мерење на заштитно заземјување и отпор на струен удар на агрегатски постројки и трафостаници треба да се изврши на „Национална арена Тодор Проески“ Скопје, како и на катните гаражи „Разловечко Востание“, „Солунски Конгрес“, „Кресненско Востание“ и „Смилевски Конгрес“.
Линк до огласот: https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/edfd01e2-d736-4e00-a9ef-8aa6db487280/14