Број на оглас: 19433/2021 објавен на 15.11.2021 година
Предмет на Договорот за јавната набавка: Набавка на услуга за одржување на хигиена со одвоз на смет и снег на катни гаражи, на „Национална Арена Тодор Проески“–Скопје и на сопствен административен простор во Дирекција и Подружница Скопје
Подетален опис на предметот на договорот за јавна набавка: Набавка на услуга за одржување на хигиена со одвоз на смет и снег на катни гаражи, на “Национална Арена Тодор Проески”–Скопје и на сопствен административен простор во Дирекција и Подружница Скопје со единечни количини согласно Спецификацијата со цени. Набавка на услуга за одржување на хигиена со одвоз на смет и снег на катни гаражи, на “Национална Арена Тодор Проески”–Скопје и на сопствен административен простор во Дирекција и Подружница Скопје. Договорот треба да ги опфаќа следните активности одржување на хигиена на сопствен административен простор на Дирекција и Подружница Скопје, на просторот за паркирање на возила на катните гаражи “Разловечко Востание”, “Солунски Конгрес”, “Кресненско Востание”, “Смилевски Конгрес” и стадион. Одржување на гледалишен простор–трибини (4), пристапни мостови, пешачки платформи, санитарни јазли, соблекувални, интерни улици, машинско чистење на подни површини, чистење на ѕидни површини и опрема во санитарните јазли. Чистење на трибините од ѓубре и смет, метење на пристапните платформи за публика, чистење и празнење на поставените канти за отпадоци и поставување на нови и чисти кеси за ѓубре, бришење на столчињата од прашина пред натпревар, миење на пристапната улица под Северна трибина и сообраќајни ленти на паркиралишта, чистење на стаклени фасади на трибини и катни гаражи, чистење на санитарните чворови во катни гаражи, во Северна, Јужна, Источна, Западна трибина, во ВИП одделот, ВИП ресторани на стадионот и управата на стадионот. Дезинфекција на внатрешни и надворешни површини. Рачно и машинско чистење на снег, одвоз на смет и снег од исчистените простории по вид и единечни количини согласно Техничката спецификација со опис на услуги. Извршителот на услугата ги извршува услугите со сопствена опрема, алат за работа, еколошки и дезинфекциони средства за чистење и сите останати потребни средства за извршување на услугите.
Линк до огласот: https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/7e0c7abe-319e-48a3-8029-1d54f5581bae/1