Мерки против Корона

Мерки и активности на АДИССДП  во насока на  заштита од вирусот КОВИД-19

Измени во текот  на реализацијата на наддавањата со цел превземање мерки за заштита на странките и вработените

Поради новонастанатата состојба со пандемијата од COVID-19 и препораките на Република Северна Македонија, јавното надавање за Огласот бр.9/2020 –СК за продажба на комерцијален станбен простор  се реализира  со запазување на следните мерки:

  • Огласот се одвива во 5 (пет) лицитирачки дена
  • Различни  термини за лицитации за секој стан посебно
  • Лицитациите се одвиваат во просториите на Националната Арена „Тоше Проески’’ кои  обезбедуваат почитување на препораката за задолжителна физичка дистанца
  • Средства за дезинфекција на влезот на стадионот, како и во просторијата  каде што се одвива наддавањето

02-8639/1 на 09.10.2020 год.

Генералниот директор на АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката- Скопје во постапувањето заради заштита од КОВИД-19 ја донесе следнава

НАРЕДБА

Како превентивна мерка за спречување/намалување на ризиците по безбедноста и здравјето при работа, предизвикани од вирусот КОВИД- 19

  • Задолжително носење на маски, како на самиот влез во претпријатието, во дворот на претпријатието, во канцелариите на препријатието се до излез од истото
  • Забрането групирање на повеќе вработени од луѓето кои работат во канцелариите, како и забрането групирање во кругот на претпријатието
  • Задолжително одржување на дистанца внатре во просториите каде што седат повеќе од еден вработен
  • Забрането одржување на состаноци на повеќе од четири лица во една просторија, односно одржувањето на состаноците да биде по електронски пат
  • Забранет влез на странки во претпријатието, односно комуникацијата да се води по електронски пат

Координативното тело за постапување заради заштита од КОВИД – 19 во АДИССДП е должно да го контролира почитувањето на Наредбата и по основ на постапување на истата да го известува Генералниот директор.

ИЗВЕСТУВАЊЕ БР.02-6578/2 ОД 10.08.2020

По препорака на Координативното тело за постапување заради заштита од КОВИД -19 на АДИССДП, се задолжуваат сите вработени и работно ангажирани лицана работа да носат заштита на лицето( текстилна маска за повеќекратна употреба)или било која друга форма на заштита која што го покрива пределот на носот и устата(респираторна маска,хируршка маска, свилена марама. шал и слично)

Се укажува на сите вработени и работно ангажирани лица во АДИССДП да ја почитуваат потребата од одржување на физичко дистанцирање помеѓу себе во растојание од 2 метри.

ИЗВЕСТУВАЊЕ   бр.03-3038/1 од 16.03.2020год.

Најнови мерки за превенција од ширење на болеста КОВИД -19 во АДИССДП

  1. Согласно препораките и мерките  кои  Владата на РЕпублика Северна МАкедонија ги донесе на 19-тата седница одржана на 14.03.2020 год за превенција од ширење на болеста КОВИД-19, препораките и соопштенијата на Министерството за здравство и Министерството за труд и0 социјална политика, Акционерското друштво ги повикува сите вработени строго да се придржуваат до мерките кои Владата на Република Северна Македонијаги донесе на седницата одржана на 14.03.2020 за превенција од ширење на болеста КОВИД -19 и кон сите наредни мерки , препораки и официјални соооопштенија од надлежните органи и тела што ќе бидат донесени заради превенција од ширење на оваа болест.
  2. Се задолжуваат сите раководители на подружници и сектори во АДИССДП бројот на вработени да го сведат на минимум потребен кадар /да се организира одење во смени, во различни денови, вршење на работа од дома, прилагодување на работните обврски за да не дојде до застој во работењето
  3. Раководителите на подружниците и помошниците директори да ја координираат работата и да бидат присутни во обем во кој нема да трпи работењето и реализирањето на работните задачи(заради потпишување документи,координација, тековно работење)
  4. Сите лица постари од 60 години  од 17.03.2020 год. Целосно се ослободуваат од извршување на работните задачи (одење на работа)
  5. Архивата во Дирекцијата и архивите вио сите подружници да бидат во функција (заради непречено одвивање на работењето)
  6. Се задолжуваат сите подружници и сектори самите да изготват оперативен план за евиденција во работењето