Проект ФП1674

Изградба на станови за лица во социјален ризик и други ранливи групи

– Проект за домување на социјално ранливи групи Ф/П 1674 (2009)

Проектот Ф/П 1674 (2009) за изградба на станови за лица со социјален ризик и други ранливи групи е делумно финансиран од Банката за развој при Советот на Европа, а согласно Законот за задолжување на Република Македонија кај Банката за развој при Советот на Европа по Рамковниот Договор за заем за делумно финансирање на Проектот за домување на социјално ранливи групи.

Со овој проект предвидена е изградба на 32 објекти со вкупно 1754 станови наменети за лица во социјален ризик и други ранливи групи со вкупна површина од 72.643,70 м2, деловен простор со површина од 2.160,94 м2, гаражи со површина од 353,97 м2и 1.710 подруми со површина од 10.520,04 м2. Овие објекти АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Република – Скопје, има обврска да ги реализира до крајот на 2018 година.

Големината на становите е од 35 до 45 м2.

Деловниот простор ќе биде издаден под закуп, а од закупнината ќе се одвојуваат средства за одржување по претходно изготвена програма.

Вкупната вредност за реализација на Проектот изнесува 50.700.000 евра, од кои 50 % се средства од Буџетот на Република Македонија, со вклучена вредност на градежното земјиште. Планираните објекти се наоѓаат на целата територија низ Република Македонија, што претставува настојување на државата за порамномерен просторен развој и во извесна мерка изедначување на станбениот стандард. Земјиштето на кое се изградени, се градат или ќе се изградат социјалните објекти е на Република Македонија и преставува влог на Република Македонија во проектот за домување на социјално ранливи групи Ф/П 1674 (2009).

До сега се изградени 14 објекти кои се распределени и се вселени. Со нивно вселување се подобрени условите на живеење на 678 семејсва и постигнато е изедначување на станбениот стандард во државата.

Завршени објекти

Распоредот на завршените објектите по градови е како што следува:

1. Скопје- Ѓорче Петров, Јурија 3.1 и  Јурија 3.2-Скопје–вкупно 102 станови (2×51 стан), катност на објектите е приземје + 4 ката + поткровје.

2. Битола, БЛР 1 Ц1 – 78 станови, катност на објектот е приземје + 4 ката.

3. Ресен, Кумсал 2 – 18 станови, катност на објектот е приземје + 4 ката.

4. Демир Хисар, Блок 2 (5а) – 25 станови, катност на објектот е приземје + 4 ката + поткровје.

5. Охрид, Блок 3 – Расадник – 71 стан, катност на објектот е приземје + 5 ката.

6. Прилеп, Блок 2-4 Точила – 76 станови, катност на објектот е приземје + 4 ката.

7. Кичево, Календерица 2 прв објект – 32 станови, катност на објектот е приземје + 4 ката.

8. Македонска Каменица, Зграда 1 Првомајска бб- 29 станови, катност на објектот е приземје + 4 ката + поткровје.

9. Кочани
– Драчевик Б 2.1 XIII Бригада – 29 станови, катност на објектот е приземје + 3 ката + поткровје.

– Драчевик Б 2.2 XIII Бригада – 43 станови, катност на објектот е приземје + 4 ката + поткровје.

10. Берово, ул. Моша Пијаде ББ – 51 стан, катност на објектот е приземје + 4 ката.

11. Крива Паланка, ул. маршал Тито ББ – 46 станови, катност на објектот е приземје + 5 ката.

12. Штип, објект Б-10 населба Сењак 2 – 91 стан, катност на објектот е приземје + 4 ката.

13. Кавадарци, Б-2 Блажо Алексов бб – 30 стана, катност на објектот е приземје + 4 ката + поткровје.

14. Македонски Брод, Објект 6.15 УЕ бр.2 – 10 станови, катност на објектот е приземје + 2 ката.

15. Струмица, Ѓорѓи Василев 44 – 41 стан, катност на објектот е приземје + 5 ката.

16. Гостивар, Тоскалар А2 објект 5 и 6 – 70 стана, катност на објектот е приземје + 4 ката.

 

Планирани објекти

1. Гевгелија

– Блок А Ламела 2 Сава Михајлов бб – 22 станови, катност на објектот е приземје + 2 ката + поткровје.
– Блок Б Ламела 2 Сава Михајлов бб – 22 станови, катност на објектот е приземје + 2 ката + поткровје.

2. Пехчево, ул. Борис Кидрич, Ламела 2 – 34 станови, катност на објектот е приземје + 4 ката + поткровје.

3. Виница, Плачковички одреди Л-1 – 39 станови, катност на објектот е приземје + 4 ката.

4. Куманово, 2 објекти во Касарна – 60 станови

5. Свети Николе, Б-4 нас. Лозов Расадник на ул. Питу Гули – 54 стана, катност на објектот е приземје + 3 ката.

6. Пробиштип, Блок К1, УЕ 27 ул. Христијан Тодоровски Карпош – 48 стана, катност на објектот е приземје + 4 ката.

7. Неготино, Б-1 УК-А2 бр.Пар.1.19 – 62 станови, катност на објектот е приземје + 3 ката.

8. Тетово, ул.Гостиварска бб Ламела 1 (од вкупно три ламели) со спратност од П+6, со 55

стана

9. Дебар, Венец 2 Ламела 1 и 2 – 46 стана, катност на објектот е приземје + 4 ката + поткровје.

10. Велес, Тунел-2, УЕ 12, објект 8.3 – 29 стана, катност на објектот е приземје + 4 ката.

11.Скопје, – Б-9.3 О4, Босна и Херцеговина – Скопје  – 312 станови, катност на објектот е приземје + 13 ката.
– населба Шуто Оризари – 51 стан, катност на објектот е приземје + 4 ката.
– населба Сарај, УБ 41 ГП8 – 2 објекта со 58 стана, катност на објектите е приземје + 5 ката.